
Компанијата PS Fashion Design е најголемата домашна модна куќа и сè поприсутен бренд во регионот. Создаваме квалитетни и автентични модели, наменети за модерни, успешни и уникатни жени. Имиџот што се огледува во романтичната, а сепак силна природа на женскиот дух, е граден внимателно со децении, негувајќи ја префинетоста и оригиналноста како наши најсилни адути.
Активности на кои сме горди
ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Визија, мисија и цел
Наша визија: Да изградиме свет во кој нашата посветеност кон совршенството ги обликува животите на жените и создава позитивни промени во општеството. Со автентичен дизајн, врвен квалитет и уникатно корисничко искуство, придонесуваме кон нивната самодоверба, споделувајќи ја радоста од создавањето на PS парчиња.
Наша мисија: Создаваме мода што ја охрабрува жената да ја изрази својата посебност, носејќи PS модели кои симболизираат спој на автентичен вкус и безвременски стил.
Наша цел: Да го збогатиме модниот пазар со модели кои ќе бидат прв избор на секоја жена чија исполнетост е проследена со стил и став.
